Се прошири градинката Калинка во Железара за нови 70 места

Градинката “Калинка” во Железара е целосно реконструирана и проширена за дополнителни три занимални, од кои една ќе биде наменета за јасли група.

 

Со ова се отворени нови 70 слободни места за дечињата од Гази Баба. Просториите се целосно уредени и опремени и ги задоволуваат сите потреби на децата и персоналот кој што работи со нив.

 

Проектот е реализиран со Министерството за труд и социјална политика кои ги извршија градежните активности и целосното го опремија објектот, а од  страна на општината променет е кровот и се изврши внатрешното уредување, истакна градоначалникот Борис Георгиевски.

 

Градинката ќе работи во две смени.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.