Општина Гази Баба одбележа 43 години од своето постоење

Со повеќе настани општина Гази Баба одбележа 43 години од своето постоење.

 

Одбележувањето на Денот на општината започна со свечена седница на Советот на општината, каде беа доделени стипендии за талентирани ученици и спортисти, како и наградите за најдобрите творби и цртежи на тема – Мојата општина.

 

Традиционално во чест на Денот на општината беше во соработка со Црвениот крст Гази Баба, беше одржана крводарителска акција, на која градоначалникот Георгиевски даруваше крв по 31 пат. Градоначалникот Георгиевски ја одигра и првата партија шах отворајќи го и меѓународниот шаховскиот турнир на кои учество земаа 120 учесници, од земјава, Србија, Бугарија и Косово.

 

Во чест на Денот на општината се одржа и проектот „Градиме заедничка иднина” кој е единствен проект во земјава и на едно место ги обединува 400 ученици и нивните наставници од сите 11 основни училишта во општината, од сите еднички заедници. Учениците проектот го отворија со претставата „Кој да го освои срцето на Сара“, а беше презентирана и песната „Мостови на другарство“.

 

Одбележувањето на Денот на општината заврши со свечена академија, каде пред присутните се обрати градоначалникот Георгиевски кој ги додели и наградите Големата мајка, како најголемо признание на општината за истакнати личности и организации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.