ГАЗИ БАБА: Советниците од ВМРО - ДПМНЕ не дозволија влегување на инвестиција од 20 милиони евра

Советниците на ВМРО - ДПМНЕ во Гази Баба повторно ја блокираат работата на општината спречувајќи нова инвестиција од 20 милиони евра, информираат од општината.

 

 

 

 

Без образложение и без ниту еден предлог, повторно ја повлекоа точката за усвојување на ДУП-от за градска четврт СИ 08 блок 03 кој се однесува на делот кај Кванташки пазар, се вели во соопштението.

 

Досега на барање на советниците на ВМРО ДПМНЕ беа одржани две јавни презентации на предлог планот, од кои последната беше вчера. Одговорени им беа сите прашања и немаа никакви забелешки. Сепак денеска повторно во нивни стил, ја тргнаа точката од дневниот ред, додаваат во соопштението.

 

Споре информааците овој ДУП е подготвен од страна на приватен инвеститор кој сака да вложи 20 милиони евра, за изградба на нов Кванташки пазар по европски стандарди, кој ќе отвори нови работни места и директно ќе влијае врз развојот на општина Гази Баба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.