Со помош на светски експерти се гради вакуум канализацијата во Јурумлери, прва во земјава

Во консултација со светски експерти се реализира изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери, информираат од Општина Гази Баба.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со експертите за вакуум мрежи, Најџел Смит од Велика Британија, Фабри Да од Унгарија, Симон Лазос од Романија и Дејан Ѓуровиќ од Србија, кои имаат работно искуство над 30 години во оваа област направиле увид при поставувањето на приклучоци за вакуум мрежата во Јурумлери.

 

Експертите имале можност на лице место да видат како се одвиваат работните активности и посочиле дека сме на вистински пат успешно да го реализираме овој проект кој ќе реши проблем на голем број на граѓани.

 

– Среќни сме што сме тука, во Јурумлери и што ќе можеме да ви го пренесеме нашето знаење, кое го користат ширум светот. Успешно ја вршите работата досега која воопшто не е лесна и на вистински пат сте успешно да го реализирате овој проект кој ќе реши проблем на голем број на граѓани. Ви посакуваме успешна реализација до самиот крај на првата вакуум канализација во вашата земја, посочија експертите.

 

Градоначалникот Георгиевски им се заблагодарил што се вклучуваат во овој проект и посочил дека изградбата на вакуум канализацијата ќе се реализира во неколку фази, а веќе напредува изведбата на првата фаза.

 

– Наша цел е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациски инсталации и шахти. Со овој проект жителите на Јурумлери и околината конечно добиваат современи услови за живот какви што заслужуваат, а септичките јами ќе станат минато, рече Георгиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.