Георгиевски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираат ребалансот на буџетот (ВИДЕО)

Општина Гази Баба четири недели се соочува со бојкот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за донесување на ребалансот на буџетот. Иако немаа ниту една забелешка, ниту на координацијата, ниту на расправата, сепак се одлучија за стопирање на суштинските точки кои ќе значат дополнителен развој за општината, а со тоа и подобри услови за живот на граѓаните.

 

Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски.

 

Според нив, како што рече, буџетот не бил развоен и се крателе средства од него, се префрлале за непродуктивни трошоци на општината. Георгиевски посочи дека сите овие обвинувања се празни и додаде оти советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат една цел – да се закочи работата на општината.

 

– На 17 јули годинава побарав и координација со советничките групи и коалициите, да седнеме на една маса и да поразговараме и што е уште поважно, да најдеме заедничко решение. Сепак, од советниците на ВМРО – ДПМНЕ до денеска се уште немам никаков одговор. Ова уште еднаш ми ги потврди моите сомнежи дека тие не работат за доброто на жителите на општина Гази Баба, туку само за партиски интереси, рече Георгиевски.

 

Потсети дека досега советниците од ВМРО – ДПМНЕ го блокирале бараниот кредит од Светска банка за изградбата на вакуум канализацијата во Јурумлери, проектот за проширувањето на булеварот „АСНОМ“, како и влегување на две големи инвестиции во општината.

 

– Граѓаните мора да знаат дека пари имаме обезбедено во буџетот, добро ја менаџираме општината, обезбедивме и дополнителни средства кои треба добро да се распоредат. Нема да се откажам од она што ми е работа како градоначалник, исполнување на вашите барања и овозможување соодветни услови за живеење како што заслужувате, нема да потклекнам на сопките со кои се соочувам од самиот старт, туку напротив, ќе ми бидат мотив за да ја направам општина Гази Баба прекрасно место за живеење, во секој дел, нагласи Георгиевски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.