Советниците од ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа ребалансот на буџетот во Општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска имформираше дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба, на денешната 25-та седница не по поддржала ребалансот на буџетот, во кој се предвидени дополнителни средства од 41. 260.000 денари наменети за капитални проекти.

 

Како што истакна Георгиевски за прв пат во последните 11 години Општина Гази Баба нови ребаланс на буџетот за дополнителни средства кои треба да бидат наменети за проекти во повеќе населени места. Почнувајќи од приклучок на вода за пиење за Раштак и Булачани, нова детска градинка во Стајковци, топловодни инсталации во Триангла и Хиподром, комунална и сообраќајна инфраструктура. Георгиевски додаде дека советниците не ги поддржали ниту програмите за културата и културните манифестации.

 

Советниците на ВМРО ДПМНЕ пак велат дека предложениот ребаланс на буџетот е антиреформски и исклучиво за партиски цели, а не за доброто на граѓаните во Гази Баба. Тие додаваат дека ребалансот е неплански скроен и со истиот се кратат средства од капиталните инвестиции.

 

Советниците од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека како мнозинство во Советот на Општина Гази Баба нема да дозволат да се скратат средствата од предвидените капитални проекти кои се од суштинско значење за граѓаните во Гази Баба. Додаваат дека ќе продолжат да бидат конструктивна советничка група во интерес на сите граѓани на Гази Баба.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.