600 полуматуранти танцуваа на плоштадот во Автокоманда

Полуматурантите од Општина Гази Баба денеска на Плоштадот во Автокоманда го одиграа танцот на полуматурантите. Општина Гази Баба и студиото за танц Еурека по вторпат ја организираа оваа манифестација на која учествуваа 600 полуматуранти од сите 11 основни училишта во Општина Гази Баба.

 

Општина Гази Баба е првата општина во Македонија што почна да ја организира оваа манифестација за полуматурантите. Танцот насловен ,,Од полуматура со танц култура,,, полуматурантите го одиграат на плоштадот во Автокоманда, а учениците пред да го одиграат танцот на плоштадот имаа дефиле од кружниот тек во Железара до Автокоманда на плоштадот на кој освен танцот на полуматурантите, беше организирана и забава за полуматурантите со настап на групите од студиотот за танц Еурека, како и музичка програма. Градоначалникот на Општината Гази Баба е задоволен од резултатот на оваа манифестација која вторпат се организира и ќе стане традиција во општината.

 

“Танцот на полуматурантите”  за прв пат се одржа мината година, на иницијатива на студиото за танц Еурека, чии тренери ги обучија учениците како да го изведат завршниот танц, со поддршка на општина Гази Баба. Оваа манифестација се одржува само во општина Гази Баба и секоја наредна година традиционално ќе се реализира со цел да ги сплотува сите полуматуранти со танц и песна да го завршат основното образование.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.