Општина Гази Баба: Доколку граѓаните се против, центарот за зависници нема да се дислоцира во Гази Баба

 

Откако минатата недела беше објавена информацијата дека центарот за зависници од Кисела Вода ќе се дислоцира во Гази Баба, поточно во дел од просториите на Металски Завод Тито, со жестока реакција се јавија граѓаните на оваа скопска општина.

 

Во знак на неодобрување, во саботата организираа и протест, при што ја блокираа и улицата Перо Наков.

 

Со цел да дознаеме дали одлуката за дислокација на центарот за зависници е конечна, и дали градоначалникот на општина Гази Баба размислува за остварување средба со граѓаните се обративме во општината, од каде што добивме одговор дека Борис Георгиевски размислува за средба со дел од незадоволните граѓаните, на која би се изнеле ставовите на двете страни. Марко Даниловски, задолжен за односи со јавност во општина Гази Баба уверува дека центарот е планирано да работи во попладневните часови и за време на викендите, со цел зависниците кои ќе доаѓаат по нивната терапија, да не претставуваат опасност за населението.

 

Ги прашавме општинарите и дали одлуката за отварање на центарот е конечна, на што добивме одговор дека постои можност за преиспитување на истата, доколку не се наиде на разбирање од страна на граѓаните.

 

Колку за потсетување, на територија на Гази Баба, поточно во населеното место Идризово, во близина на казнено поправната установа и во минатото постоел центар за зависници, кој во моментов е напуштен.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.