Заврши училишниот саем на машинска и енергетска индустрија

 

За прв пат, Средното училиште на Град Скопје „ЕМУЦ 8-ми Септември“ и општина Гази Баба го организираа првиот училишен саем на машинската и енергетската индустрија, кој се одржа на 10-ти и 11-ти мај, во просториите на училиштето.

 

На саемот беа претставени домашни и странски компании од машинската и енергетската индустрија од општина Гази Баба, а учество земаа и бизнис компаниите членки на МАМЕИ од останатите општини од Скопје и Македонија.

 

 

Во текот на дводневните активности саемот го посетија и голем број на ученици- деветоофеленци, пред кои беше претставена програмата за изучување на тригодишното, односно четиригодишното образование, а промовирани беа и понудите и можностите кои компаниите ги имаат за учениците кои ќе се одлучат образованието да го продолжат во некоја од стручните насоки.

 

 

Целта на саемот е да се подигне свеста кај младите за важноста на овие струки и потребата од стручни квалификувани кадри кои се дефицит на пазарот на труд.

 

Според истражувањето направено од страна на Центарот за меѓуетничка толеранција и Фондацијата Фридрих Еберт во 130 компании во Скопје недостасуваат 874 квалификувани кадри од машинската и енергетската индустрија, а постои и интерес и за високостручен кадар и според тоа треба да се гледаат потребите на стопанството и правилно да се насочува кадарот, затоа што техничкиот кадар е повеќе од потребен, а младите ќе имаат сигурни работни места.

 

Дејан Чуповски од делегацијата на германското стопанство на Македонија, вели дека во земјава ќе се пренесуваат искуствата од Германија според кои учениците значително време поминуваат на пракса отколку во училница.

 

 

 

 Во рамки на училишниот саем беа организирани дебати, презентации на значајни теми за недостатокот на квалификуван кадар, како и за средношколскиот стручен кадар кој е потребен на овие компании.

Професорот Анастас Чанговски ги потсети заинтересираните идни средношколци за струките во ЕМУС 8ми Септември.

 

 

 

Целокупната забелешка од дводневниот училишен саем е дека Министерството за образование и наука да размисли за намалување на бројот на слободни места во гимназиите, каде што учениците од доегашните истражувања, не даваат значителни резултати, освен ако не завршат дефицитарно високо образование.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.