Обновена уништената урбана опрема во парк шумата Гази Баба

 Акцијата за чистење и обнова на урбаната опрема во парк шумата Гази Баба продолжува и овој викенд. Заеднички екипи на ЈКП „Гази Баба" и ЈП „Паркови и зеленило" денеска на терен ја чистеа парк шумата Гази Баба, а поставена беше и нова урбана опрема.

 

Целта на овие активности е да заживее парк шумата како место за одмор и рекреација на граѓаните.

 

– За жал, иако минатиот викенд при работните акции беше поставена и обновена урбаната опрема, по неколку дена беше целосно уништена. Денеска, при оваа акција беше извршена повторна интервенција и обновување на уништената урбана опрема. Апелираме до сите граѓани да ја чуваат и одржуваат поставената урбана опрема во парк шумата и низ целата општина, да ги сочуваме јавните зеленила чисти, велат од Општина Гази Баба.

 

Според општината, само на овој начин парковите нема да бидат претворени во депонии, а урбаната опрема ќе биде во функција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.