Хаварисаните возила проблем во Автокоманда, од општината велат дека опоменуваат и отстрануваат

На старите и хаварисани возила местото им е во отпад или во гаража, а не на паркинг, каде што зафаќаат место и оневозможуваат да се паркираат возила и покрај проблемот со немање доволен број паркинг места, реагираат жителите на Автокоманда кои за овој проблем неколкупати се обратија до 1-ва скопска.

 

Тие велат дека е пријавено и во општината и во пајак службата, но од пајак службата им посочиле дека надлежноста за отстранување на хаварисаните возила е на општините и за нивното отстранување од јавните површини се грижат општинските комунални инспекторати.

 

Пред неколку месеци кога побаравме одговор и од Општина Гази Баба за тоа кои се плановите на општината за хаварисаните возила, ни одговорија дека општината е запознаена со проблемот со хаварисани возила на јавните површини и токму затоа, надлежни комунални инспектори излегле на терен и на сопствениците на возилата кои не се во возна состојба, им изрекоа опомена за да ги отстранат во одреден рок, а  доколку и понатаму хаварисаните возила не бидат дислоцирани, инспекторите ќе постапуваат согласно законските мерки, но според жителите и она што успеа да го забележи нашата камера, сликата на терен и не е толку променета.

 

Жителите на Автокоманда реагираат дека после доставените опомени и залепени налепници за сопствениците да си ги отстранат воизилата, сопствениците само си ги одлепиле налепниците и возилата си стојат на паркинзите. Од Општина Гази Баба велат дека луѓето кои ги отстраниле лепенките докажале дека возилото е во возна состојба, а останатите се отстранети.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.