Во компаниите во Општина Гази Баба најмногу недостасуваат кадри од машинската струка и бравари

Општина Гази Баба спроведува низа мерки со кои им помага на младите да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

 

Општината заедно со Бизнис клубот на Гази Баба, средните стручни училишта на територија оваа општина и државните институции,  спроведуваат низа проекти кои им овозможуваат на младите да добијат обука, до образување, до квалификација како и практична работа, со цел да станат квалитетен кадар кој лесно ќе дојде до соодветна работа.

 

Како што информираше декеска градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски дел од проектите кои ги реализираат, се проектот за дуелно образование за обука на кадар од средните училишта од машинските, браварските и електро струки, кој заеднички го спроведуват со Центарот за меѓуетничка толеранција и со фондацијата Фридрих Еберт.  Георгиевски додаде дека со ова им излегуваат во пресрет како на младите, така и на бизнис заедницата која што во моментот има недостаток од овие струки и кои направија истражување кои струки се дефицит, а им се дава мотив и можност на учениците кои изучуваат стручни насоки, да добијат стручно знаење кое ќе им отвори можност за вработување.

 

Милан Живковиќ од германската фондација Фридрих Еверт потенцираше дека нивната намера е креирањето пристојни работни места во сите општини со кои соработуваат. Она што тој го потенцираше е позитивниот однос на бизнис заедницата на Гази Баба и тоа, како што рече, треба да биде поттик за сите бизнис заедници.

 

Градоначалникот Георгиевски информираше дека за поддршка на младите, општината има доделено субвенции за млади во висина од 1.000 евра за младите кои имаат идеја како да ја реализираат својата креативност. За оваа намена, отстапен е простор во барака која е лоцирана на ул. Палмиро Тољати, во општина Гази Баба, која претставува ресурсен центар за обука на млади. Исто така за прв пат воведено е доделување на 2 гранта по 100.000 денари за студенти иноватори, средства кои им помагаат на младите да ја развијат својата иновација во дело. Како што додаде Георгиевски целта е младите да немаат потреба да трагаат по својата егзистенција во странство, туку во општината во која живеат.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.