Се чисти отпадот од црните точки во Општина Гази Баба

Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесно постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска почна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, на улицата Перо Наков, во Гази Баба.

 

Директорот на претпријатието, Абдусамед Шабани истакна дека и оваа локација претставува црна точка каде што континуирано се случува несовесно одлагање на отпадот и создавање на диви депонии. Крајната цел на проетпријатието е во целост да се спречи појавата на овие црни точки на територија на главниот град.

 

Директорот Абдусамед Шабани и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, упатија апел до граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и на тој начин да ја заштитат животната околина. Градоначалникот Георгиевски истакна дека во соработка со ЈП Комунална хигиена и ЈКП Гази Баба 2007, ги лоцирале црните точки на територија на општината кои претставуваат голем проблем и треба заеднички да се исчистат.

 

Градоначалникот Георгиевски апелираше граѓаните да се вклучат во оваа акција за да имаме почиста и здрава животна средина. Градоначалникот посебно упати апел и до градското и во руралното јадро на Општина Гази Баба, да се внимава на фрлањето отпад.

 

Георгиевски истакна дека во наредниот период ќе бидат вклучени и комуналните инспектори за да можат да преземат превентивни мерки во делот на лоцирање и казнување на несовесните граѓани.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.