Стајковци, Трубарево, Инџиково, Сингилиќ и Керамидница ќе добијат нови детски градинки

Огромен број деца по повеќе години чекаат на ред да бидат примени во градинка. Состојбата е иста во сите општини и градови во Македонија.

 

Родителите, со нетрпение очекуваат да се реализираат ветувањата на Министерството за труд и социјална политика, за изградба на нови детски градинки, со кои ќе се овозможи децата кои се на списоците на чекање, конечно да го започнат предучилишното образование.

 

Проблем со недоволен број на места во градинките има и во општина Гази Баба. Општината неодамна започна градежни активности за проширување капацитетот на детската градинка Морковче, во населеното место Јурумлери, со што до март ќе можат да се примат нови 20 деца.

 

Покрај тоа во населеното место Стајковци веќе започнаа градежни работи за изградба на нова детска градинка, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, детски градинки ќе се градат и во останатите населени места.

 

На списокот за изградба на нови детски градинки се наоѓа и општина Ѓорче Петров. Локацијата е веќе избрана, и многу наскоро ќе започнат градежните активности, со што и децата од населеното место Волково ќе можат да престојуваат во градинка.

 

Покрај Ѓорче Петров и Гази Ваба, нови градинки ќе се градат и во Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип. Со изградбата на градинките капацитетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.