Донација од дидактички материјали за градинката „25 Мај“ од Гази Баба

Децата од градинката „25 Мај“ денеска добија подароци, дидактички материјали кои ќе им помогнат во креативното и логичко размислување.

 

Дидактичките материјали се донација од Дирекцијата за заштита и спасување и Филозофскиот факултет од Скопје. При предавањето на донацијата деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев рече дека ова е само мал придонес во разубавување на престојот на децата во предучилишните установи, и нагласи дека наскоро ќе следуваат донации и од други институции.

 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски ја нагласи потребата од општествено одговорно работење, и ги повика и останатите компании, институции, па и медиумите да дадат свој пример со донација за која било категорија на граѓани.

 

Донацијата на дидактички материјали е на иницијатива на Дирекцијата за заштита и спасување, а средствата се собрани во рамки на хуманитарна забава во кафе барот Амбрела.

 

Градинката „25 Мај“ со благодарници им се заблагодари на трите државни институции за донацијата наменета за дечињата.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.