Пред жителите на Јурумлери презентиран проектот за изградба на вакуумска канализациона мрежа

Општина Гази Баба и министерството за финансии го потпишаа договорот со Светската банка преку кој се обезбедуваат 72 милиони денари за изградба на првата вакуум канализациона мрежа во населеното место Јурумлери.

 

Градоначалникот Георгиевски заедно со потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред жителите на населеното место Јурумлери го презентирале големиот капитален проект за ова населено место- изградбата на првата вакуум канализација во Македонија.

 

Договорот со Светска Банка со кои се обезбедени 72 милиони денари кредитна помош за овој проект веќе е потпишан, а како дополнителни средства се обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, Град Скопје и Владата на Република Макеоднија. 

 

Како што информираат од Општина Гази Баба во 2019 година ќе се започне со реализација на овој голем проект, со кој се решава проблемот со септичките јами во Јурумлери, а притоа жителите нема да имаат никаков трошок во изведбата на овој проект.

 

Во н.м Јурумлери изминатата година се градеше првата вакумска пречистителна станица која ќе ги реши проблемите  на околу 3500 жители во Јурумлери. Ова е најголемото рурално место на потегот помеѓу реката Вардар и автопатот, а ризикот кој постои во ова населено место се подземните води и големиот број на септички јави, а со изградбата на вакумската пречистителна станица и канализационата мрежа овој проблем ќе се реши.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.