Општина Гази Баба преку Светска банка ќе обезбеди 72 милиони денари за канализација во Јурумлери

Општина Гази Баба и министерството за финансии го потпишаа договорот со Светската банка преку кој се обезбедуваат 72 милиони денари за изградба на првата вакуум канализациона мрежа во населеното место Јурумлери.

 

Како што информираат од Општина Гази Баба во 2019 година ќе се започне со реализација на овој голем проект, а жителите на Јурумлери конечно добиваат нормални услови за живеење, а септичките јами заминуваат во историја.

 

Во н.м Јурумлери изминатата година се градеше првата вакумска пречистителна станица која ќе ги реши проблемите  на околу 3500 жители во Јурумлери. Ова е најголемото рурално место на потегот помеѓу реката Вардар и автопатот, а ризикот кој постои во ова населено место се подземните води и големиот број на септички јави, а со изградбата на вакумската пречистителна станица и канализационата мрежа овој проблем ќе се реши.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.