Општина Гази Баба додели 240 пакетчиња на деца со посебни потреби и на децата без родители

Децата без родители од СОС Детското село, децата од дневниот центар за деца од улица, како и децата од кризниот центар Надеж и децата со посебни потреби од основното училиште Иднина денеска се израдуваа на новогодишните пакетчиња кои во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници им ги подели градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

 

Георгиевски истакна дека во рамки на можностите на локалната самоуправа, секогаш, не само денеска, ќе им излегуваат во пресрет на барањата и потребите на институциите во кои се згрижени децата од општина Гази Баба.

 

 

Директорката на СОС детско село информира дека вратите во куќите на згрижувачките семејства во селото се секогаш отворени за добронамерни посетители кои на децата им носат радост.

 

Дивна Периќ, една од згрижувачките во СОС детското село пред нашата камера зборуваше за предизвикиците со кои се соочува грижејќи се за децата без родители, но и за трајните вредности и врски кои продолжуваат да се негуваат и по нивното напуштање на згрижувачките семејства.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.