Општина Гази Баба направи катастар на загадувачи

По барање на општина Гази Баба, друштвото за технолошки и лабораториски испитувања „Технолаб“ направи експертска анализа, со цел поефикасно справување со загаденоста во општината.

 

Со помош на анализата, изработен е ажуриран катастар на загадувачи на територијата на општина Гази Баба, со што ќе биде поедноставено дисциплинирањето на сите кои ги прекршуваат законските мерки.

 

Георгиевски нагласи и дека општина Гази Баба има краткорочен и долгорочен акционен план за решавање на проблемот со загадениот воздух, при тоа го нагласи проектот за продолжување на топловодното греење во Ченто, Маџири, Триангла и Хиподром 1 и 2, како и продолжување на гасификацијата на индустриските објекти и јавните установи кои се во надлежност на општина Гази Баба.

 

Изминатиов период општината спроведе две акции во кои беа запленети 2 тона и 50 килограми отпадни гуми, а започна и акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.