Во Гази Баба нема да се гради објект за преработка на тешка и загадувачка индустрија

Веќе подолго време актуелна е во јавноста темата за изградба на објект од тешка индустрија, во округот на скопската железарница.

 

Општина Гази Баба го објави огласот за давање под долготраен закуп на 99 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија што се наоѓа во склоп на скопската железарница.

 

 Станува збор за огласена парцела со површина од 66.996 метри квадратни и со предвидена површина за градење од 46.897 метри квадратни. Како што потенцираат од иницијативата О2 на парцелата 1.6 ќе се гради објект од тешката и загадувачка индустрија со максимална развиена површина од 70.346 метри квадратни, којшто ќе има компатибилни класи на намена Д1, Д2, Б4, В2, Г2, Г3 и Г4 до 49% од вкупната површина на идниот објект.

 

За тоа каков е ставот на општината, го прашавме градоначалникот, кој уверува дека во Гази Баба нема да се гради објект за преработка на тешка загадувачка индустрија.

 

Ова прашање предизвика и јавна дебата на која присуствуваа претставници од еколошки здруженија, и советниците во Советот на општина Гази Баба. Иницијативата О2 потенцира дека останува отворена можноста за спречување дополнително загадување на животната средина, со повлекување на јавниот повик, со овозможување на советниците да гласаат по тоа прашање, но и враќање на повикот во комисијата која ќе го прекине повикот, преку негово отповикување/поништување.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.