Почна пријавувањето за најубаво украсени објекти во општина Гази Баба

Општина Гази Баба ја продолжува традиција за избор на најубаво украсени објекти.

 

И оваа година општината повторно го распиша конкурсот за најубаво украсени дворови, тераси, заеднички простор пред зграда, простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.

 

Пријавувањето може да се направи на телефонските броевите  075/435155 и 072/255041, или лично на едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 24.12.2018 год. до 16,00 ч.

 

Пријавите потребно е да содржат податоци за контакт и адреса на живеење. Пријавените објекти ќе ги посети комисија од општината на 25 декември по 17 часот.

 

Целта на оваа новогодишна акција за украсување е заеднички да се разубави просторот на живеење и работење, со што секој поединец ќе даде свој придонес во новогодишното украсување.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.