Се асфалтираат улици во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба деновиве активно работи со асфалтирање на неколку улици во повеќе населени места.

 

Како што информираат од општината, во населеното место Трубарево подготвени за асфалтирање се 6 улици како и краци на ул.1, 2, 3 и 18.

 

Во Инџиково подготвени се дел од ул. Маџари до булеварот и ул. 3 во Инџиково како и крак на ул.20.

 

Во Стајковци, на ул.6 крак 7 е целосно асфалтирана во должина од 80 метри, а на крак 8 е започнато асфалтирањето во должина од 180 метри, а потоа ќе се работи на крак 5, во должина од над 200 метри, информираат од Општина Гази Баба.

 

Како што соопштија од општината, во Хиподром 2 ќе се работи на 4 улици со вкупна должина од 1.000 метри.     

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.