Во градинката во Железара ќе се воведе втора смена

Општина Гази Баба во изминатиот период посвети големо вниманите во делот на образованието и во подобрување на условите во детските градинки што се на нејзина територија.

 

Имено, во оваа општина долго време родителите се соочуваат со проблеми за упис на децата во градинка. Отсекогаш постоеле долги листи на чекање. Но, градоначалникот на општината, Борис Георгиевски како што истакна во една изјава за 1-ва скопска долгите листи на чекање во Гази Баба ќе станат минато.

 

По завршување на тендерската постапка ќе почне изградбата на новата детска градинка во Стајковци, ќе се прошируваат објектите  Морковче во Јурумлери и Калинка во Железара.

 

Како што информираат од Гази Баба повеќе пати граѓаните барале од општината градинката во Железара да работи и втора смена. Со проширувањето на капацитетот на градинката за нови три занимални тоа им се овозможи на родителите. Вкупниот капацитет на оваа градинка е проширен за дополнителни 75 дечиња.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.