Изложба на 40 олдтајмери во Гази Баба

Општина Гази Баба беше домаќин на 6. Ревија на олдтајмери која се одржа на плоштадот во Автокоманда.

 

На ревијата можеа да се видат околу 40 стари автомобили кои предизвикуваа внимание и восхитување кај граѓаните.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски ја отвори ревијата и истакна дека оваа ревија претставува одлична можност каде можат да се видат автомобили во оригинална форма и развитокот во автомобилската индустрија, за да можат младите да се запознаат со тоа каков бил развојот на автомобилската индустрија како и домаќинското одржување на автомобилите од страна на сопствениците.

 

Општина Гази Баба на Ревијата на олдтајмери додели и три пехари, за најоригинално возило, најстаро возило и најдобро реновирано возило.

 

Добитниците на наградите за 1-ва скопска изјавија дека со љубов и внимание ги чуваат овие автомобили. Некои од нив учествувале на повеќе изложби а одржувањето на автомобилите е доста тешко, бидејќи како што рекоа, многу тешко се наоѓаат деловите кои треба да се заменат. Но, секогаш кога ги возат низ градските улици привлекуваат големо внимание и восхитување од минувачите.

 

 

На ревијата беа присутни околу 40 сопственици на стари и атрактивни автомобили кои ги имаше од Македонија и до соседните држави.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.