Градоначалникот Борис Георгиевски доби благодарница од стрелачката федерација на Македонија

Македонската спортска стрелачка федерација на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, му додели плакета во знак на признание за посебен придонес во развојот и популаризацијата на спортското стрелаштво во Република Македонија.

 

Од Општина Гази Баба истакнуваат дека соработката во изминатата година е одлична и имаат многу проекти кои заеднички се подготвуваат.

 

Градоначалникот Георгиевски истакна дека неговата подршка кон стрелачката федерација која оваа година одбележува 70 години од своето постоење продолжува и понатаму. Тој потенцираше дека заедно ќе ги поддржат младите талентирани спортисти кои бележат врвни резултати во овој спорт, како и интернационалниот турнир Гранд При Скопје кој се одржува на стрелиштето Камник.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.