34-ти квиз-натпревар по противпожарна заштита во Гази Баба

По 34-ти пат во OОУ Крум Тошев во Трубарево се одржа традиционалниот квиз-натпревар по противпожарна заштита за учениците од основните училишта.

 

Квиз-натпреварот се одржува во соработка со противпожарниот сојуз а воедно претставува важен дел во развојот и ширењето на општата противпожарна култура меѓу младата популација, како и едукација за заштита од пожари, односно превентивни мерки и постапка во случај на пожар.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски ја истакна важноста на едукацијата од областа на противпожарната заштита уште од најрана возраст, за навремен и адекватен пристап при реагирање во случај на пожари. Георгиевски додаде дека важноста од подигање на свеста на граѓаните за внимателно и правилно ракување со се што може да предизвика пожар, е од големо значење.

 

Оваа година на квизот се натпреваруваа 10 екипи од основните училишта во категоријата на кадети и четири средни и две основни училишта во категоријата јуниори.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.