Општина Гази Баба обезбедува подобри услови за младите

Обезбедување на подобри услови за младите беше една од целите која ја постави новото раководство на Општина Гази Баба.

 

Како што информираше градоначалникот на општината, Борис Георгиевски направени се големи интервенции во училиштата на територија на Гази Баба. Основното училиште ,,Његош” доби нов покрив, заменети се старите прозорци во ОУ “Стив Наумов”, реконструирани се санитариите во ОУ “Наум Наумовски Борче” и ОУ “25-ти Мај”. Георгиевски додава дека училиштата добија смарт табли, преку кои учениците имаат можност за интерактивна настава, а во три од нив поставени се филтри за вода.

 

Општина Гази Баба во текот на годината беше партнер со младинските здруженија за реализација на младинските политики, а доделени беа и два гранта од по 100.000 денари за млади иноватори, а заедно со Агенцијата за млади и спорт се гради фитнес зона во парк шумата Гази Баба. Новото раководство на Гази Баба го опреми домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда.

 

Градоначалникот Георгиевски додава дека во изминатата година се вложувало многу во училиштата и во образованието. Во тек е изградба на новата училишна зграда на ОУ Вера Јоциќ, а ова училиште ќе добие и нова спортска сала. Во Стајковски наскоро ќе почне изградбата на новата детска градинка, градинките Морковче во Јурумлери и Калинка во Железара ќе бидат проширени, а почнат е проект за изградба на нов дневен центар за деца со посебни потреби во Автокоманда.

 

Георгиевски додава дека ова се само дел од проектите кои се реализирани во текот на една година, а за во следниот период вети дека ќе вложува многу со цел Општина Гази Баба да биде современа, модерна, убава општина во сите нејзини делови.

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.