Одбележани 42 години од формирањето на о. Гази Баба

Со богата културно уметничка програма, доделување награди од повеќе области, и обраќање на градоначалникот Борис Георгиевски, општина Гази Баба го прослави 42 роденден, и едногодишниот мандат на градоначалникот.

 

За просперитетот на оваа скопска општина, како што рече Георгиевски се заслужни како тој, така и сите негови претходници. Големи инфраструктурни зафати се правеле во минатото, а ќе продолжат и во иднина, со единствена цел, овозможување на граѓаните достојни услови за нормално функционирање.

 

За поголем поттик и мотивација, како и со цел изразување на благодарност за успешното досегашниот творештво и делување на територијата на Гази Баба, општината им додели награди на повеќе успешни поединци од оваа скопска општина. Младата Викторија Тодоровска, и Роберт Ангеловски се едни од нив.

 

Викторија беше учесник на зимските олимписки игри во Пјонг Чанг, Јужна Кореја, и со тоа претставува гордост за општината, која секогаш и помага и финансиски ја поддржува. Додека пак, Роберт веќе четири години успешно ги воведува децата од Гази Баба во светот на фолклорот преку ансамблот „ Седенка“.

 

Роденденската манифестација ја збогатија и настапите на Синтезис, Квартетот на виолинистката Пламенка Трајковска, но најголема реакција кај присутните предизвика настапот на Татјана, Андреј, Наталија и Никола од танцовиот клуб Ритам Плус.

 

Манифестација се затвори со ветување за понатамошно интензивно работење на општинската администрација, со цел реализација на ветените проекти.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.