Вкуси ја Гази Баба – манифестација за сите генерации денеска на плоштадот Коцка во Автокоманда

На ново отворениот плоштад Коцка во населбата Автокоманда денеска се одржува манифестацијата „Вкуси ја Гази Баба- вкус за сите генерации“.

 

Манифестацијата е збогатена со кулинарско шоу на познати готвачи кои за присутните готват во живо, а со свои производи застапени се и голем број од фирмите кои функционираат на територија на општина Гази Баба.

 

Дел од присутните компании остварениот приход денеска, го донираа во хуманитарни за лекување на 15 годишната Ива Велковска која боледува од рак на коските.

 

Градоначалникот на о. Гази Баба ги повика граѓаните да се придружат на забавата, и редовно да го посетуваат новозградениот плоштад, на површина од 3. 200 метри.

 

Денешната манифестација симболично го означи и роденденот на општина Гази Баба, како и едногодишното раководење со општинската администрација на градоначалникот Борис Георгиевски.

 

Тенденцијата на градските власти е оваа манифестација да прерасне во традиционална, и да се организира секоја година, но нови содржини.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.