,,Есен во Гази Баба,, во чест на денот на општината

Општина Гази Баба, како генерален покровител, по повод Денот на Општината 3 Ноември, во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и ООУ Григор Прличев, како домаќин денеска ја организираа традиционалната Литературната манифестација ,,Есен во Гази Баба,,.

 

Општина Гази Баба за учество на оваа манифестација имаше објавено И литературен конкурс на тема на кој се пријавуваа ученици од сите основни училишта. Најдобрите есеи учениците денеска ги прочитаа пред присутните.

 

На настанот пред присутните гости се обрати и градоначалникот Борис Георгиевски.

Пораката од оваа манифестација е да се негува македонскиот литературен збор и да се инспирираат учениците повеќе да творат и да ја развиваат својата мисла.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.