Општина Гази Баба со повеќе активности низ општината

Во Општина Гази Баба се одвиваат на повеќе локации неколку активности.

 

Во населбата Железара почна  асфалтирањето на улица Гемиџиска. Како што информираат од општината во следните денови екипите ќе работат за целосно асфалтирање на оваа улица, при што може во повремени периоди улицата да биде блокирана за движење во одредена насока. Од Општина Гази Баба апелираат за разбирање од граѓаните.

 

Исто така Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на ЈП Паркови и зеленило, Адриан Муча го посети финскиот парк во Гази Баба.

 

Општината заедно со ЈП Паркови и зеленило во иднина целосно ќе го реконструира овој парк, во нов модерен и убав зелен простор, кој ќе биде ново катче за граѓаните на општина Гази Баба.

 

Од општината додаваат дека обновен ќе биде и паркот за миленици со поставување на нови реквизити. Планирана исто така е и реконструкција на спортските и детски игралишта во паркот, како и замена на јавното осветлување.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.