Фекалии пливаат во дворовите на жителите од Нова Колонија

Револтирани жители од населеното место Нова Колонија испратија реакција до редакцијата на 1-ва скопска дека веќе подолго време имаат проблем со фекалната канализација.

 

Имено, поради неодржувањето на пумпите, во дворовите на неколку куќи им извираат фекалии и се шири многу лоша миризба. Тие велат дека овој проблем го имаат околу една година, односно откако се поставени нови пумпи кои сеуште се под гаранција, но не работат. Велат дека се обратиле и до надлежните, од кои им било ветено дека ќе се реши проблемот, но за жал до сега уште ништо не е направено, велат жителите.

 

Нивното барање е да се ангажираат работници од страна на ЈКП Гази Баба и редовно да се чисти пумпата за да не се насобира отпадот. Жителите од ова населено место се револтирани од проблемот кој го имаат цела година и велат дека освен што имаат непријатна миризба во дворовите, истата се чувствува и во домовите, такашто се загрижени и за здравјето на нивните деца.

 

За рашавање на овој проблем екипата на 1-ва скопска побара одговор и од директорот на ЈКП Гази Баба, Влатко Митовски, кој рече дека е запознаен со проблемот и се прават напори истиот да биде решен. Митовски додаде дека пумпите во Нова Колонија не се под надлежност на ЈКП Гази Баба, но денеска побарал од Општина Гази Баба надлежноста да се предаде на претпријатието за да може пумпата редовно да се одржува. Митовски рече дека пумпата ја има поставено фирмата изведувач Изгрев, и сеуште е под гаранција, а изведувачот треба да ја замени во рок од неколку денови, најдоцна до петок.

 

Инаку, жителите со кои разговаравме велат дека, населбата Нова Колонија во минатите години важена за една од најубавите и најсредените наслеби во Скопје, но за жал во последниот период, сликата е многу поинаква.

 

Екипата на 1-ва скопска ќе ја следи и понатаму состојбата околу овој проблем, па се надеваме дека изведувачот како што вети ќе го реши проблемот и повеќе нема да се чувствува непријатната миризба.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.