Гази Баба побогата за уште една инвестиција, се гради компанија за индустриски кетеринг

Со поставување на камен – темелникот денеска во Општина Гази Баба започна изградбата на објектот за подготовка, дистрибуција и послужување на храна, односно на индустриски кетеринг.

Реномираната компанијата “Индустри сервис” преку оваа инвестиција која е вредна 1 милион и 500 илјади евра, ќе ги отвори своите врати за 100 нови работни места, а се очекува да биде готова до втората половина на 2019 година. Ќе се простира на 1.800 квадратни метри и ќе има капацитет за подготовка и служење на 9.000 оброци дневно или 2 милиони оброци на годишно ниво.

Објектот се наоѓа на улицата “Благоја Стефковски” бб, веднаш зад средното електротехничко училиште “Михајло Пупин”, на територија на Гази Баба.

Овој објект за подготовка на храна ќе претставува најголем и најсовремен угостителски капацитет од овој тип на цела територија на Македонија. Целна група ќе бидат домашните и странските компании во земјава со над 300 вработени.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.