Во Автокоманда ќе се гради комплетно нова амбуланта

Старата и руинирана амбуланта во Автокоманда, изградена после земјотресот, која не ги задоволува потребите на граѓаните следната година ќе стане минато.

 

Според најавите на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски следната година треба да започне изградба на комплетно нова амбуланта со јавно приватно партнерство и со Здравствен дом Скопје.

 

Постојната амбуланта на ул. „Бапчор“, во населбата „Автокоманда“ е стара и руинирана зграда, која не само што не ги задоволува потребите на граѓаните туку не е ниту безбедна за давање и користење здравствени услуги.

 

И граѓаните реагираат на условите во оваа амбуланта. Изградба на нова амбуланта ветуваше и градоначалникот Борис Георгиевски во својата предизборна програма.

 

Автокоманда е централната градска населба во ОпштинатГази Баба, со најмногу жители и најлесно пристапна за сите жители на општината, поради што изградбата на нова поликлиника на местото на старата и руинирана амбуланта, токму во Автокоманда, е стратешки добар објект кој ќе биде лесно достапен за сите граѓани на општината и ќе ја доближи примарната и секундарната здравствена заштита до граѓаните.

 

Градоначалникот Георгиевски на прашање кога ќе биде реализирано ова предизборно ветување рече дека во фаза е донесување на Детален урбанистички план за цела Автокоманда во кој ќе биде опфатена и амбулантата. На местото на старата амбуланта ќе се гради комплетно нов објект со јавно приватно партнерство и Здравствен дом Скопје и изградбата се очекува да започне следната година.

 

 

Поликлиниката ќе биде опремена со најсовремена опрема од примарната и секундарната здравствена заштита. Планирано е да има превентивни ординации, лабораторија,  гинекологија и кожен лекар. Изградбата на нова поликлиника во „Автокоманда“ ќе биде адаптиран за потребите на граѓаните и ќе претставува единствено решение за доближување на примарната и на секундарната здравствена заштита до граѓаните.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.