В недела, во Раштак планинска трка „Раштак треил“

 

Викендов на падините на Скопска Црна Гора за прв пат ќе се одржи планинска трка „ Раштак Треил“.

Трката е во организација на општина Гази Баба и маратон клуб „ Делта“, а на неа учество ќе можат да земат професионалци, на трка во должина од 13,5 км, како и полупрофесионалци, аматери и рекреативци, на планинска патека во должина од 6,7 км. Предвидено е и присуство на ВИП учесници од дипломатскиот кор кои ќе трчаат на патека во должина од 2 километри.

 

Стартот на трката ќе биде в недела во населеното место Раштак, на последната автобуска станица на автобусот број 65, во рамки на основното училише „Наум Охридски“. Општината, за сите заинтересирани обезбеди и организиран превоз, кој во недела ќе тргне од пред хотелот Холидеј Ин во 07:30 часот и попатно ќе застанува кај авиончето во Аеродром, на автобуската кај Алкалоид во Автокоманда, кај бензинската пумпа на Макоил во Ченто, и на последна 45-ка во Ченто.

 

 

Целта на овој спортски настан, како што рече Трајче Панковски од маратон клуб „Делта“ е да се доживеат убавините на Скопска Црна Гора, како и да се наметне спортска култура кај граѓаните, без разлика на возраста.

 

 

За најдобрите учесници на трката ќе бидат обезбедени и симболични парични награди, а најавена е и културно-уметничка програма, на самиот старт.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.