Столтенберг денеска во посета на Стајковци
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 06 Септември 2018
Генералниот секретат на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на посетата на Македонија денеска беше во посета на населеното место Стајковци, кое пред две години беше погодено од катастрофална поплава.
Токму на помош пристигнаа војниците на НАТО кои заедно со граѓаните и со припадниците на МВР, АРМ и останатите македонски институции помагаа во расчистувањето на улиците и последиците кои ги остави поплавата.
Столтенберг рече дека ги разгледал сликите од Стајковци во моментите на поплавата и видел многу војници од НАТО кои помагале. Тој рече дека му е мило што НАТО беше тука за поплавата и што селото повторно е изградено. Посочи дека НАТО ќе продолжи да биде онаму каде што треба да помогне и подготвени се Македонија да ја прифатат како член на алијансата.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, како домаќин на оваа средба изрази голема благодарност до НАТО Алијансата и на Генералниот секретар Столтенберг му врачи благодарница за помошта која ја имаа кога им беше најпотребна, рече оти НАТО отсекогаш бил партнер на Македонија и оти е сигурен дека земјата ќе стане 30-та членка на НАТО.
Столтенберг и Георгиевски остварија и средба со жителите на Стајковци, а ја посетија и улицата која беше најпогодена од поплавата на 6-ти август 2016 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс