Запрена изградбата на паркингот во Железара

 

Густата населеност во населбата Железара, како и несоодветната инфраструктура, се почесто им создава потешкотии на жителите при одвивање на нормалното функционирање.

Еден од проблемите со кои се соочуваат е недоволниот паркинг простор. Со цел решавање на овој проблем уште во 2016 година, до општина Гази Баба пристигнало барање за изградба на паркиралиште, по што советот донел одлука за извршување на барањето.

Изминатава недела токму на улицата Душан Ташковиќ, се одвиваа градежни работи, кои предизвикаа голем интерес кај медиумите, откако дел од граѓаните се пожалија дека се сечат 40 годишни дрва, кои се од исклучителна важност токму за населба Железара ако се земе фактот дека општина Гази Баба во текот на зимската сезона има највисок степен на загаденост на воздухот.

Со цел да се слушнат мислењата на граѓаните, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски оствари средба со жителите на населба Железара.

 

Меѓусебните несогласувања и спротивставени мислења и ставови на заедниците на станови на две различни станбени згради, од кои едните се согласуваат да добијат паркинг простор, за сметка на зеленилото, а другите не, градоначалникот им даде 15 дена да се договорат, а дотогаш ги запре градежните активности.

 

Покрај за зеленилото, на средбата со градоначалникот граѓаните бараа подобрување на хигиената, како и легализирање на дивоизградените објекти.



 





 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.