Општина Гази Баба продолжува со субвенционирање при купување печки на пелети

Согласно Буџетот за 2018 година Општина Гази Баба по втор пат распиша Jавен повик за субвенционирање при купување печки на пелети, со цел да ги стимулира домаќинствата за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на домовите.

 

Ваквите печки имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот. Жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 1 ноември 2018 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70% , но не повеќе од 30.000 денари. За оваа намена од Општината информираат дека се преостанати околу 2,5 милиона денари од Буџетот на Општина Гази Баба, а Јавниот повик ќе се реализира по принципот ,,прв дојден прв услужен”.

 

Право на учество имаат жители на Гази Баба кои ќе купат печка на пелети за затоплување на домовите од денот на објавување на Јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместок на дел од трошоците за набавка на печки на пелети.

 

Од Општината информираат дека на Јавниот повик немаат право на учество домаќинства кои имаат станбен објект со приклучок на централно градско греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жители кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

 

Сите заентересирани граѓани повеќе детали околу рокот како и условите пропишани во Јавниот повик, можат да добијат директно на шалтерите или веб страната на Општинa Гази Баба.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.