Чаир

Маскиран разбојник ограбил поштар во Скопје

Ограбен поштар во Чаир

Непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишен поштар од Скопје, А.Ф., вработен во а.д. Македонска пошта.


МВР соопшти дека разбојништвото се случило вчера околу 10 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир. 


Заканувајќи се со пиштол, сторителот од А.Ф. одзел чанта во која имало меѓу 15.000 и 20.000 денари и побегнал во непознат правец.


Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.