Чаир

Алијанса за Албанците и БЕСА поднесоа 86 приговори за изборниот процес во Чаир

Локални избори 2017

Алијанса за Албанците и БЕСА до Државната изборна комисија поднеле 86 приговори за изборниот процес во општина Чаир.


Самиот број на поднесени приговори, како што рече Емат Мехмети од БЕСА, покажува за каков нефер изборен процес станува збор во оваа општина.


Покрај разните неправилности во изборниот процес, имало и огромнен број неважечки гласачки ливчиња, поради што, како што истакна, имаат сериозни сомневања дека манипулацијата е направена токму со нив и затоа поголемиот број приговори се поврзани со тоа.


Од ДИК бараат сериозно да ги разгледа овие приговори и да одлучи непристрасно во интерес на правдата во корист на правдата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.