Општина Центар алармира до Град Скопје за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП Комунална хигиена – Скопје.
 
Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое проголта дел од улицата „9 Мај“. Откако два месеци, фирмата која гради не постапила по насоките, тоа сега ќе го направи механизација на Општина Центар. Цело градилиште – ќе се затрупува со земја.
 
Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните покривни конструкции и на постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на општина Центар, што се во согласност со програмата за комунални дејности за 2023 година.
 

Дел од Центар утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија инфомира дека поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа утре, на ден 24.04.2023 година, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
 
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.
 
Што треба да случи кај зградата на „Технометал“ за институциите да реагираат и да го запрат овој хаос кој предизвикува опасност за минувачите и станарите и го прикажува центарот на Скопје како да преживеал апокалипса?, прашуваат од Шанса за Центар.
 
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, пред ресорните министри за правда и транспорт и врски ќе ја презентира Иницијативата – нелегалните објекти наместо да се рушаат да се вратат во служба на граѓаните.
 
Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.
 
Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи при Општина Центар денес им изрече 5 казни на инвеститорот „Бинјапи инженеринг“ и на изведувачот „Арадико коп“ ДООЕЛ увоз-извоз, во вкупна висина од 12.500 евра во денарска противвредност за небезбедното градилиште, истакна градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
 
Уривањето на улицата „9 Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ, обвини Мартин Талески од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја донираше својата мартовска плата за извршување на оперативна интервенција на ученик кој боледува од аневризма на главата и на кого потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.
 
Општина Центар по барање на Здружението на пензионери го премести пензионерскиот клуб “Невена Георгиева Дуња” од Трговскиот центар Беверли Хилс поради зголемен интерес за дружба и секојдневни средби на пензионерите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги посети новите простории кои се наоѓаат веднаш до Заводот за рехабилитација и ги запозна присутните со проектите за пензионери кои ги спроведува општината.
 
Вчера вечер, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар.
 

Без вода делови на Центар

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска поради дефект на приклучна цевка Ф-80мм на ул.Мајаковски 7 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Мајаковски водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. ( општина Центар)
 
Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЈП Водовод и канализација известува дека денеска 28.02.2023 година (Вторник), поради водоводен приклучок од ф 100 мм на Бул.Страшо Пинџур бр.6. прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од бул. Страшо Пинџур (о. Центар) од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
 
Градежните зафати на улицата Ленинова течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше.
 
Во седум основни училишта во Центар денеска имаше дојави за бомби.
 
Утре, среда, 15.2.2023, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.