Уште два локали во Центар добија решенија за преземање мерки за намалување на бучава

Редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар се одвиваат во континуитет, секој викенд од месец јули, во соработка со стручните лица од овластената лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“.

Во текот на изминатите два викенда, по спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј 13 Ноември и мерењета на бучава од локалите, решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј. По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите.

Усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добија локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт бар“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.