Општина Центар потпиша меморандум за „ВЕЛО УЧИЛИШТА“

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Никола Нешкоски, директор на Еко Логик – Здружение за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот за одржлив развој, потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, со цел, имплементирање на проектот „Вело училишта“ наменет за учениците од основните училишта на територијата на Општина Центар.

 

Преку овој проект ќе се овозможи зголемување и унапредување на знаењето кај децата, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив развој, безбедност во сообраќајот, аерозагадување и климатски промени.

 

Досега овој проект се реализираше само во ООУ „Јохан Хајнрих - Песталоци“, како пилот проект, но отсега, проектот „Вело училишта“ ќе биде проект за сите ученици, наставниот кадар и родителите во сите основни центарски училишта. Во рамки на проектот, преку планирани активности ќе се овозможи воведување на нови и креативни начини на учење, поврзани со темата - велосипедизам. “ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

 

Проектот „Вело училишта“ е со поддршка од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во Република Северна Македонија и истиот ќе се реализира со времетраење од пет години, со можност за продолжување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.