Одржана 42-рата седница и продолжението на 41-вата седница на Советот на Општина Центар

Градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците на Општина Центар во текот на вчерашниот ден ги одржаа 42-та седница и продолжението на 41-вата седница на Советот.

 

 Точки на дневниот ред за работа беа предлог-одлуките за детската градинка „Лилипут дворче“, утврдувањето на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца, усвојувањето на одлука за организација и начинот на наплата на јавните паркиралишта на Општина Центар, како и предлог – одлука за одобрување парична помош за лекување.

 

Покрај останатите редовни точки од дневниот ред на 42-рата седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ одговораше и на советнички прашања.

 

На прашањето за субвенционирање на велосипеди кои ги доделува Општина Центар, Богдановиќ истакна дека вкупната бројка на доделени субвенции за велосипеди во периодот од две години изнесува 598, односно, дека сите барања и апликации се во целост реализирани, додека во измината година доделени се вкупно 66 субвенции за електрични тротинети. 

 

Советниците се интересираа до каде е реконструкцијата на детското игралиште „Славка Недиќ“ и на тоа прашање градоначалникот истакна дека постапката за ревизија на основниот проект е завршена. Во март,откако постапката за јавни набавки ќе заврши, ќе започнат теренските активности.Градоначалникот Богдановиќ додаде дека и кон крајот на месец  март ќе биде завршена реконстукцијата на објектот Пепелашка, клон на градинката „Кочо Рацин“, одговарајќи на поставеното прашањето од страна на советниците.

 

Советниците на Општина Центар го посочија и прашањето за хортикултурното уредување на Сквер Јадран на што градоначалникот и службите одговорија дека кон крајот на месец април ќе започнат теренските активности за хортикултурно уредување и хуманизирање на просторот, додека за започнување на процесот на изградба на монтажниот паркинг во Дебар Маало потребни се дополнителни согласности и одговори од страна на други институции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.