Градоначалникот Богдановиќ ги презентираше придобивките од новиот ДУП Градска четврт И 06 – Пролет

Денеска, на прес-конференција, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ преку презентација ги образложи одлуките кои минатата недела беа донесени во врска со ДУП Градска четврт И 06 – Пролет.

 

 

По две години, градоначалникот кажа дека општинската администрација дала максимални напори да се измени она што може, бидејќи до сега Деталните урбанистички планови биле ревидирани. Следниот ДУП кој ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче.

 

Покрај другото, извршена е пренамена на парцелата 1.02 покрај основното училиште 11 Октомври, од објект на локална самоуправа во објект со намена в2: здравство и социјална заштита, поточно детска градинка.

 

Постоечката кула, на местото на денешниот паркинг, на парцелата 1.27 ќе може да се изведе паркинг со 2 нивоа: едно полуподземно и едно полунадземно ниво, со цел да не се нарушуваат видиците на станарите. Овој паркинг со површина од 1635 m2 (по ниво) се предвидува со цел да се решат проблемите со паркирање на постоечките објекти, а притоа да не се уништува зеленилото, како што се предвидувало во претходните варијанти на плановите.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.