Од вторник отворен ден со Богдановиќ
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 12 Октомври 2019
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, почнувајќи од 15.10.2019, секој вторник од 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Центар, ќе има Отворен ден за граѓаните на општината.
На Отворениот ден, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со градоначалникот и со општинските служби.
Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс