Општина Центар додели парична помош и производи на 100 семејства со принова

Општина Центар додели парична помош во вредност од 7.000 денари и производи на 100 семејства од општината им додели решенија за остварување на правото за користење на еднократна парична помош за новороденче.

 

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, претставници на компании и здруженија, со кои општината потпиша Меморандум за соработка, а со кој се официјализираше придонесот на компаниите во овој општествено одговорен проект.

 

Меморандумот за соработка беше потпишан со компаниите: „Еурофарм", „Веледа", „Женски центар Астарта" и „Банката за храна", кои во оваа прилика поделија производи и услуги на семејствата со принова. Фармацевтската компанија „Еурофарм" додели вредносни ваучери во износ од 1000 денари, „Веледа" доделија пакети со производи со органска козметика за бебиња, „Женски центар Астарта" – бесплатни часови за јога и совети за доење на новороденчињата, а „Банката за храна" обезбеди кашички за бебе.

 

-Согласно, Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето, соопштуваат од прес-службата на Општина Центар.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.