ДУП за Градска четврт Ц03 – Соборен храм на увид на граѓаните

Општина Центар од денеска до 23 мај го става на јавна анкета Деталниот урбанистички план за Градската четврт Ц03 – Соборен храм. Ова е уште еден од плановите кои во изминатиов период беа под таканаречениот „мораториум", а кај кој се направени усогласувања со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, но се постигнати и низа измени и придобивки во интерес на жителите на овој дел од Општина Центар, соопшти локалната самоуправа.

 

Планот ќе биде изложен секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на ООУ „Коле Неделковски" на ул.„Антоние Грубишиќ" бр.8.

 

Сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат достават предлози и забелешки во однос на истиот ќе можат да го направат тоа преку анкетни листови кои треба да ги достават во училиштето, но и по електронски пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.

 

Јавната презентација на планот ќе се одржи на 15.05.2019 (среда) во 13:00 часот во Општина Центар (барака бр. 6).

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.