Казна 1.200 денари за блокатор и 2.500 за пајак доколку се паркирате на резидентен паркинг во Центар

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ќе става блокатори на непрописно паркирани возила на резидентни паркиралишта и резидентни улици кои се наменети само за станарите.

 

Оваа акција претпријатието ја спроведува со цел да воведат ред во паркирањето и да ги ослободи паркиралштата за станарите. Казнувањето ќе стартува од 10 април на паркинзите за резиденти, а сега контролорите ставаат само опомени кои ги лепат на возилата.

 

„Имаме многу поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари. Затоа стартуваме со поставување блокатори. Казната за поставен блокатор ќе биде иста како дневна паркинг карта, односно 1.200 денари во Дебар Маало и Парк, а 960 денари во Буњаковец, Капиштец и Пролет. Акцијата за поставување блокатори ќе започне на 10-ти април, најпрво од Дебар Маало и Градски парк за да ги ослободиме паркинзите на станарите, а потоа продолжуваме во Буњаковец, Капиштец и Пролет, а за останатите јавни паркиралишта со кои стопанисува ПОЦ си останува казната од дневна паркинг карта доколку не се прати порака за паркинг“, изјави Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар во телефонска изјава за 1-ва скопска.

 

Како што истакна директорот ПОЦ располага само со 3 пајак возила и не може да постигне да ги ослободи паркинг местата на резидентните улици и токму затоа почнуваат со поставување блокатори.

 

На оние граѓани кои непрописно ќе бидат паркирани, односно ќе се паркираат на резидентен паркинг или резидентна улица која е наменета само за станари откако ќе му се постави блокатор, доколку во рок од 2 часа не го отстрани возилото ќе биде повикана пајак службата да го подигне возилото и во тој случај граѓаните ќе си платат и казна за блокаторот 1200 денари или 960 во зависност од секторот и плус казна за пајакот 2500 денари или на лице место ако се плати тогаш казната е 1.500 денари. Граѓаните исто така треба да бидат многу внимателини и да не паркираат и да не ги узурпираат паркинг местата кои се наменети за инвалиди, во овој случај доколку се паркирате на место обелележано за инвалиди ќе платите казна од 6.000 денари.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.