Претставен проектот Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд“

Новиот проект Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд“, беше претставен денеска во Канцеларијата за млади на Општина Центар и ќе биде наменет за сите деца кои имаат желба за театарот и глума. Проектот е во организација на Здружението за хумано – општествен развој „Проект Среќа“ а со поддршка на Општина Центар.

 

– Почнуваме проект што има за цел да обезбеди еднакви можности и еднаков пристап на сите деца за да им се обезбеди едукација и правилен развој и раст. Јас и Општината Центар заедно со Советот на Општина Центар и администрацијата го поддржуваме овој проект и продолжуваме да се залагаме за реализација на вакви проекти што ќе промовираат социјална инклузија и еднакви можности за сите, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

 

Претседателката и основач на здружението „Проект Среќа“ Кристина Арнаудова објасни дека постојат многу децата кои живеат во социјален ризик, особено на оној ризик што се однесува на квалитетот на живеење.

 

– Огромен е бројот на деца кои живеат во социјален ризик и ние имаме за цел особено оваа година на сите можни аспекти да им го подобриме квалитетот на живеење. Општина Центар беше првата општина што ги препозна нашите проекти и е прв наш соработник, и ова е трета година како соработуваме. Општината го поддржи „Шарено лето“, тоа е летен камп за деца во социјален ризик, Првата Конференција за деца во социјален ризик во Европа и сега „Неверледн“, детското драмско студио за деца во социјален ризик, појасни Арнаудова.

 

Детското драмско студиото ќе биде бесплатно за сите деца во социјален ризик.

 

– Детското драмско студио ќе биде наменето за сите деца кои имаат желба за театарот и глума, ќе имаме часови два пати неделно во просториите на Канцеларија за млади на Општина Центар. Ние на многу забавен и креативен начин, преку игри, ќе ги учиме тајните на театарот и веќе почнавме со драмските работилници, додаде Благица Ристов, актерка и координатор на проекти во „Проект Среќа“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.